Телото на нејзиното тело – приказни за добрината

Posted 23 12, 2011 in portfolio, Активности

Националната фондација за трансплантација I ONE започнуваат кампања за подигање на свеста за важноста за донирање органи и побрзо имплементирање на Законот за трансплантација на клетки, ткива и органи.

По тој повод денеска е промовирана книгата “ТЕЛОТО НА НЕЈЗИНОТО ТЕЛО- приказни за добрината” преведена на македонски јазик, напишана според личното искуство на светски познатата писателка Славенка Дракулиќ откако таа добива бубрег од непознат дарител. Continue Reading »

Претседателот Др. Ѓорѓи Иванов активно се приклучи во кампањата “Можам и сакам да подарам живот”

Posted 23 06, 2011 in portfolio

 

Во прилог, обраќањето на нашиот Претседател Др. Ѓорѓи Иванов:

Дами и господа,

Почитувани гости,

Ми претставува особено задоволство што ја имам можноста и јас лично да се вклучам во кампањата „Можам и сакам да подарам живот“. Како Претседател на Република Македонија би сакал со својот потпис на оваа петиција да ја потврдам заложбата за подигнување на јавната свест за важноста на донирањето и трансплантацијата на клетки, ткива и органи, со крајна цел – спасување на човечките животи.

Преку воведувањето на законска рамка според светските стандарди со која се регулира земањето и пресадувањето на делови од човечкото тело заради лекување, што меѓу другото практично значи и заживување на кадаверичната трансплантација, се прави значаен исчекор во зголемувањето на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните на Република Македонија. Благодарение на законските измени, но и на постојаното усовршување на нашите медицински експерти, како и набавката на соодветна медицинска опрема, се отвора можност македонските граѓани да добиваат услуги поврзани со трансплантација во својата матична земја, нешто што досега најчесто се изведуваше во странство.

Почитувани,

Човечкиот живот е бесценет и треба да се стори сè што е во наша можност, и институционално и индивидуално, да се вклучиме во активностите со кои се овозможува унапредување на условите за соодветна здравствена заштита. Станува збор за животот, за хуманоста во нас, за уште една шанса за нормален живот на оние чие здравје е доведено до крајно критична фаза. Неопходно е сите да придонесеме за зголемување на интересот за поддржување на донаторството на органи.

Дозволете во оваа прилика да се заблагодарам на Националната фондација за трансплантација за сите нивни досегашни заложби и активности, за упорноста и ентузијазмот, особено во изработката и донесувањето на Законот за трансплантација. Благодарение на нивната неуморна работа и посветеност, Македонија денес е акредитиран регионален центар за трансплантација на црн дроб поддржан од Светската асоцијација за детска трансплантација.

Подеднакво се важни и активностите за промоција на важноста на донирањето на органи, клетки и ткива. Токму кампањата „Можам и сакам да подарам живот“ е, секако, главен двигател во подигнувањето на јавната свест за оваа проблематика, информирањето и подигнувањето на свеста и чувствителноста на јавноста во однос на ова прашање. Се надевам дека кампањата ќе се интензивира, ќе добие на динамика и ќе допре до секој граѓанин на Република Македонија.

Ви посакувам натамошен успех во кампањата и во имплементирањето на Законот.

 

 

South Eastern Europe Initiative in Deceased Donation

Posted 23 06, 2011 in portfolio
Исклучени коментари

Прв симпозиум за матични клетки – галерија

Posted 2 04, 2011 in portfolio

Прв симпозиум за матични клетки

Posted 21 02, 2011 in portfolio, Активности

Благодарение на матичните клетки, денес постои можност за лекување на голем број заболувања на крвта, имунoлошкиот систем, централниот нервен систем и бројни метаболни заболувања. Continue Reading »

Нов (драфт) закон за трансплантации предложен од НФТ

Posted 21 02, 2011 in portfolio, Активности

—————————————————– —————————– —————————-

Исклучени коментари

Посета на Richard Fine

Posted 19 02, 2011 in portfolio

Continue Reading »

Seat Open 2010

Posted 15 02, 2011 in portfolio, Активности


Изминатиот викенд во тенискиот клуб АБЦ се одржа полуфиналните и финалните натпревари во машка и женска конкуренција од хуманитарниот тенискиот турнир SEAT Open 2010
SEAT Open 2010 – добротворен тениски турнир

Донација – GFK

Posted 15 02, 2011 in portfolio



On May 12 2010, the executive manager of GfK Skopje, Ms Vesna Kuzmanovic handed over a cheque amounting to 185.000 MKD to the organizers of the humantirian action “You Can If You Want”. This donation supports the action for collecting funds for the construction of an intensive care unit at the University Pediatrics Surgery Clinic.