0

Прв симпозиум за матични клетки

Posted 21 фев, 2011 in portfolio, Активности

Благодарение на матичните клетки, денес постои можност за лекување на голем број заболувања на крвта, имунoлошкиот систем, централниот нервен систем и бројни метаболни заболувања.

Имајќи ја предвид важноста на целуларната и регенеративна медицина (терапија со матични клетки) за развојот на современата медицина во Македонија, ќе ни претставува искрено задоволство доколку присуствувате на “Првиот симпозиум за матични клетки и регенеративна медицина со интернационално учество”, кој ќе се одржи на 23.03.2011 во 12 часот во конференциска сала Милениум, во хотел Холидеј Ин во Скопје. На настанот активно учество ќе земат видни странски и домашни експерти, научни работници и доктори кои работат на развој на нови тераписки можности, со матични клетки и нивна клиничка примена.

Целта на овој прв симпозиум кој се надеваме ќе стане практика во иднина, е нашата стручна јавност да се запознае со новините и можностите за примена на матичните клетки во современата медицина.

Запознајте се со предавачите:

Регистрација и уплата на котизација

Краен рок за регистрација и уплата на котизација за Симпозиумот е 18.03.2011.

  • цената на котизацијата изнесува 1.500,00 ден.
  • цената на котизацијата за студенти, специјализанти и млади истражувачи изнесува 1.000,00 ден.

Котизацијата се уплаќа на:

  • назив: „Национална фондација за трансплантација“;
  • број на жиро сметка:  210 – 0641697701 – 11;
  • банка депонент: НЛБ Тутунска банка – Скопје.
По уплатата на котизацијата, се регистрирате на simpoziumnt@alkom.com.mk со тоа што испраќате e-mail со наслов „Регистрација за симпозиум“, а во пораката го наведувате вашето име и презиме.